Летната колекција 2018 од брендот Axel Accessories нуди лесни и пријатни модели од модал, познат по својата врвна мекост и одржливо влакно.
Модал како материјал е развиен уште од 1950 година во Јапонија. Lenzig Modal, се користи во производството кај едни од најквалитетните марки, направен е исклучиво во Австрија и што е најважно процесот на производство е исклучиво еколошки.
Поради тоа што е направен од влакна од бука, кои се повеќе еластични од многу други текстили, тој доста добро ја одржува својата форма, особено кога е помешан со мала количина еластан. Лесно ги зема боите и не бледне толку лесно како и многу други текстили.Модал ткаенината на Вашате кожа ќе ја чувствувате свилено и меко.
Поради својата тенкост, доста дише и ја задржува влагата, а неговата неспоредлива мекост и издржливост на телото го прави идеален за топлите летни денови.
Во продолжение погледнете неколку модели во кои ќе се чувствувате удобно и самоуверено, а тоа сите ќе го забелажат
Достапни во продажба во салонот на Grata – ул. “Миле Попјорданов” 68, Козле
СПОДЕЛИ
Претходна објаваGucci не освојува со летните новитети!
Следна објава“Играчки и роботи како ликовна инспирација”!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР