Како да изгледате елегантно на работа во текот на пролетта и летото? Одбравме неколку најдобри предлози ...
Креирањето на модерен деловен стил е предизвик за секоја дама која работи во канцеларија. Правилата за облекување на работа се одамна познати, но високите температури понекогаш можат да бидат неподносливи. Значи, како да се облечете деловно и да изгледате трендовски?
Очигледно е, дека кратки или кошули со длабоко деколте се неприфатливи, па мора да пронајдете друго погодно решение. Фустаните се најдобриот избор. Одберете миди фустани, со линии или точки кои ќе ги комбинирате со елегантни сандали. Оваа сезона во мода се одела, така што ви предлагаме да одберете модел во пастелни бои.
Панталоните, исто така, се добар избор. Сепак, избегнете ја црната боја за време на летото. Супер-стилско и елегантно решение се бели панталони. Носете ги со свилена маица или едноставна кошула и ќе добиете одличен ефект.
Не заборавајте да користите модни додатоци. Шарена торба, модерна марама или ефектен накит, можат да го направат вашиот деловен стил поинтересен.
Погледнете ја нашата фото галерија, каде што ве чекаат инспиративни идеи!