Најпосакуваните костими за капење за оваа сезона се тука: панделки, карнери, модели кои се носат на едно рамо, како и популарните „bralettes” се дел од колекцијата која ќе ве одведе во рајот.

Карнери

Романтични и динамични модели покриени со карнери, кои додаваат софистицираност и волумен на костимите за капење.

Прстени

Прстените се во мода, а овој пат тие се дел костимите за капење. Парчиња со неколку прстени кои ги поврзуваат материјалите и создаваат секси отвори. Од овој тренд, носечки се трикини костимите.

Панделки насекаде

Нов тренд кој ќе додаде женственост на вашиот изглед. Бикини и целосни костими за капење, изработени за прв пат од структуриран материјал.

На едно рамо

Заводливи и секси  – така може да се опишат костимите за капење со една прерамка и тие ќе бидат вистински хит ова лето, па затоа побрзајте да го изберете вашиот омилен модел. Колекцијата нуди модели на врзување со принт во линии, кои особено ја истакнуваат половината.

Точки

Ова лето се враќа трендот на принтот со точки, кој создава динамични и забавни комбинации кои лесно се комбинираат со едноставна облека. Црно – бела позадина за елегантни парчиња кои се издвојуваат од останатите.

На преклоп

За лето 2018-та, Women’secret промовира нов дизајн на бикините, претставувајќи нови, забавни елементи во колекцијата. Модели кои се прилагодуваат на фигурата и даваат поинаков изглед на женската фигура.

Цветни дезени

Нови цветни принтови во различни бои за ултра женствени и деликатни парчиња. Како новитет се појавуваат костимите со специфичен отвор на предниот дел, препрелетени прерамки и карнери, во сива, розова и сина боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа пушачи: Исчистете ги белите дробови за 3 дена!
Следна објаваХороскоп за ден 29.05.2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР