Овен (21.03 – 20.04)

Денот е обележан со лаги и илузии. Можни се професионални проблеми. Ќе ви биде тешко да ги простите грешките и предавството. Потрудете се да не ги мешате невините луѓе и да не им ги препишувате неуспесите.

Бик (21.04 – 21.05)

 Денес ќе се соочите со проблем од професионален карактер, но можна е и компликација на привато поле. Ѕвездите ви препорачуваат да покажете повеќе самодоверба и трпение. Внимавајте, може да бидете вовлечени во непотребни спорови.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот ќе биде добар за нови деловни односи. Цел овој период е добар за колективна работа, учење на нови јазици, креативност или научни активности. Ѕвездите ви се наклонети, се менува финансиската положба. Можно е денес да имате профит од лотарија или да добиете неочекувани средства.

Рак (22.06 – 22.07)

Денот е поволен за подобрување на финансиската положба. Се подобрува семејната атмосфера. Изборот на вашиот пат е единствено ваше дело! Само смело кон остварување на желбите и плановите за во иднина.

Лав (23.07 – 22.08)

Денот е исполнет со мали грижи. Многумина од вас ќе се откажат од зацртаните планови и ќе го пренесат своето внимание кон проблемите на блиските луѓе. Чувството на сочуство е основата за вашиот успех денес.

Девица (23.08 – 22.09)

Одговорите на вашите прашања не доаѓаат секогаш во најјасен облик, па затоа морате малку да ја проширите својата перцепција за да не го испуштите важното кое би можело да биде спакувано во облик на банална информација. Денеска отворете ги и очите и ушите, многу убави работи се случуваат околу вас.

Вага (23.09 – 22.10)

Отворете ги ушите во текот на целиот ден, и немојте да бидете толку брзи во бришење на мејловите кои ви личат на спамови, бидејќи помеѓу нив се крие повик или важна коресподенција која би можела да ви донесе напредување. Затоа, внимателно со информациите, би можеле да дојдете до проблеми ако не внимавате доволно.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Малку ќе здивнете од финансиските проблеми во кои сте западнале ,па искористете го овој период да ја средите оваа состојба. Сепак, следете ги своите инстинкти бидејќи овој пат сте во право, но намалете го износот кој сакате да го вложите за да имате повеќе избор.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се најдете во расчекор помеѓу желбата да ги задоволите деловните барања и вашите вредности кои ги застапувате во животот. Убаво размислете што од тоа ќе отфрлите во корист на другото, бидејќи тој потег ќе ви го одреди животот за подолг период.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот е полн со нови состаноци и неочекувани познанства. Потрудете се да избегнете конфликт префлајќи ги работите од еден на друг

Водолија (21.01 – 19.02)

Ѕвездите и денес се благопријатно наклонети кон вас. Денот е пријатен за колективна работа. Вечерта потрудете се да го подобрите личниот живот на секој начин. Посебно посветете внимание на љубовниот живот.

Риби (20.02 – 20.03)

Првата половина од денот е поволна за секаков вид на активности. Емоционалниот подем на мажите од овој знакот им помага да излезат од сложените ситуации. Внимавајте можни се финансиски загуби.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВљубеници во летото: Летни трендови од Women’secret!
Следна објаваPop up изложба на модната куќа Louis Vuitton! 
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР