По единаесетти пат оваа година во реномираниот ресторан Four ќе се одржи Државното првенство на бармени во Република Македонија.

Врвни техники, совршено поставени услови според светските IBA стандарди, стручно маневрирање со алкохолни пијалоци, супер автентична коктел атмосфера, тоа не очекува на 24.04.2018 – ден кога 30 македонски бармени се борат за учество на светското првенство на бармени во Талин.

Македонија веќе 11-та година по ред ја воздигнува коктел културата преку Здружението на бармени на Република Македонија, кое е единствена институција од овој калибар.

Image may contain: 1 person, smiling, sitting, hat and text

Државното првенство на бармени оваа година има богата и колоритна програма која опфаќа неколку едукативни семинари, предизвици и секако натпревари кои не носат до самото финале кое триумфира со издвоени победници на истиот.

Настанот бележи официјален почеток на 24.04.2018 во 10.00 часот, кога ќе пристигнат самите натпреварувачи и ќе учествуваат во лотаријата за редослед.

Image may contain: 1 person, sitting

Како дел од квалификациите се очекува место да заземат 30-тина учесници, кои ќе бидат оценувани од технички судии според неколку критериуми:

– брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел

– работа со барски прибор

– умешност при декорација

– внимавање на хигиена при подготовка на коктел како и на бар простор

– ниво на позитивна енергија

– secret tasting ( тајно оценување на вкус позади сцена )

Победникот ќе го претставува Здружението на бармени на Македонија на World Cocktail Competition во Талин, Естонија.

Image may contain: 1 person

Најдобрите од најдобрите освен можноста да ја претстават нашата република надвор ќе се стекнат со бројни едукативни можности и семинари за надградба на својот потенцијал.

На државното првенство кое ќе се одржи во ресторанот Four влезот за сите заинтересирани посетители е бесплатен.

No automatic alt text available.

Очекувајте изненадувања,новитети, промо коктели и автентични вкусови пред се. Понесете ја Вашата поддршка за уште едно поинакво коктел искуство кое ќе ја развие општата коктел култура на едно повисоко ниво.

Ви ветуваме одличен настан кој се планира цела година а се дегустира во неколку префинети часа!

Image may contain: 3 people, people smiling

Со помош на спонзорите Johnnie Walker, J&B, Bulleit bourbon, Smirnoff, Monin, Nescafe, Red Bull,  Tanqueray, Gordons, Finsbury, Hendrick’s, Pampero blanco, Angostura, Sierra, Hennessy, Captain Morgan, Jegermaister, Baileys, Marie Brizard, Schweppes,Old Pascas, ДИЕМ-ГП, Thomas Henry како и ресторанот Four, УТМС се одржува самото првенство како и повеќето едукативни семинари.

Повеќе информации за комплетната агенда може да најдете на веб страната.

Image may contain: one or more people

Image may contain: 4 people

No automatic alt text available.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава21. ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ
Следна објаваХороскоп за ден 14.04.2018 година!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР