Како би изгледала една куќа во која секоја просторија е уредена во една боја? Дали сте помислиле некогаш да уредите и вие барем една просторија од вашиот дом во монохроматски стил.

CJ Hendry е уметница која живее и твори во Њујорк. Таа неодамна постави една необична уметничка инсталација во облик на куќа каде секоја просторија е уредена во една боја. Зелена во кујната, жолта во спалната па се до виолетовата боја во купатилото.

Седум простории и тоа секоја во различна боја, интересно зарем не!

Модуларните коцки кои наликуваат на лего коцки но се значајно поголеми од нив, се употребени како sидови во оваа инсталација. Розево палмино дрво, виолетова када како и жолти парчиња на мебел можат да се видат во оваа инсталација.

Познато е дека во уредувањето на еден простор фокусот се става на едно парче мебел. Тоа е направено и во оваа уметничка творба, само во екстремни размери.

Погледнете, дали ви се допаѓа?

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР