Трендовите се понекогаш полни со контрадикции. Додека синџирите на големите трговските куќи со тешка мака се ослободуваат од пластичните кеси во корист на животната средина, модната индустрија ги промовира преку најновите колекции..

Сè започна со брендот Vetements во 2017 година, а сега и големите модни куќи како Celine, Burberry и Balenciagа, го усвоија и го промовираа овој тренд. Наместо “вистински торби”, моделите сега се движea на модната писта со пластични кеси, речиси идентични со оние што ги користиме за шопинг.

Овој тренд наскоро ќе го гледаме се почесто, а брендовите како  Zara, Mangо и H & M,ги извадија и свите модели. Модната недела во Париз го запечати овој тренд како нешто, што ќе го гледаме  во иднина, па затоа време е ментално да се подготвиме и да направиме простор во својот гардеробер за нова пластична торба.

Но прашањето е, дали овие пластични торби ги сметаме за убави?

Дизајнерски торби кои не изгледаат како дизајнерски торби, се новиот голем хит на модната индустрија.

За оваа естетика или подобро да се нарече анти-естетика, потребно е многу самодоверба и знаење со стилизирањето. Ретко кој на прва, ќе помисли на Burberry кога ќе ја види пластичната кеса, туку првата мисла ќе биде каде се отвори новиот супермаркет?

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРезиденцијата на Michelangelo на продажба!
Следна објаваМакедонска премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР