Ако барате дизајнерска чанта во која сакате да инвестирате повеќе пари, добро е да знаете како да ја одберете вистинската, на кој нема да изгубите ни едно евро, туку добро ќе заработите на неа.

Во кои торби треба да се инвестира? Одговорот на ова прашање е едноставен. Во класичните, кои можете да ги носите во зима и во лето, кои секогаш се во тренд и можат да се носат со елегантни, како и со секојдневни модни комбинации.

Постојат торби кои станаа вистински модни икони и ништо и никој не може да ги симне од тронот. Тоа се торби чија цена расте секоја година и ако е дојдено времето и вие да сакате да инвестирате во една, ве советуваме да биде некоја од овие торби:

2.55 – Chanel

Дали има потреба да се каже нешто за оваа торба? Класик над сите класици.

Lady Dior – Dior
Во средината на деведесеттите години и беше омилена торба на принцезата Diana, по која беше именувана. Оваа елегантна и безвременска торба од Диор, е вистинска икона во модниот свет. Се уште можете да ја најдете во повеќе бои и големини.

Speedy 30 – Louis Vuitton

Првиот модел беше создаден уште во 1930 година и стана безвременски моден додаток. Идеална е како прва торба за инвестирање, бидејќи е значително поевтина од своите конкуренти иако добро ја држи цената, а дефинитивно нема да изубите пари на неа.

Биркин 35 – Хермес
За оние со малку подлабок џеп, (читајте:  понапредни инвеститори) оваа торба е најдобриот можен избор. Актерката Jane Birkin беше инспирација за создавањето на оваа торба уште во 1984 година. Оттогаш, листата на чекање не е намалена, а оваа торба официјално, е подобар избор за инвестиција од злато во изминатите 20 години.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФантастична JIMMY CHOO X OFF-WHITE колекција!
Следна објаваУбавата куќа на Елен Помпео!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР