Следејќи ја модната ревија инспирирана од деведесеттите години на минатиот век, брендот Versace ја претстави колекцијата за есен / зима 2018, за време на Миланската модна недела …

Donatella Francesca Versace, ни понуди колекција полна со тартан и плисе, со исклучително гламурозен пресврт.

“Кланот “Versace знае дека денес ништо не се добива со раѓање, туку дека се заработува со дела: поради оваа причина, овие жени за мене се кралици”, рече дизајнерката за својата нова колекција.

Од модната ревија, можевме да забележиме дека главниот фокус е на елегантните капути, мини здолништа и тесни фустани.

Како и секогаш, се користи смела палета на бои со жолти, сини, црвени и виолетови нијанси. Логоата и мотивите на Versace беа на маици, шалови и здолништа, а на пистата прошетаа многу познати модели, како што се Gigi Hadid, Kaia Gerber, Natalia  Vodianova и други.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерна алтернатива на црната кожна јакна!
Следна објаваДесерт на денот: Ружички од јаболка и лиснато тесто!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР