Дали големите цветни дезени или дезените со линии, ве збунуваат кога треба да ги вклопите во вашиот стил?

Моделите со дезени се идеален начин да го освежите вашиот зимски стил, но исто така и да ги внесете боите во целосниот изглед. Понекогаш е доволно да имате само едно парче облека со шарени детали, додека во други случаи можете слободно да носите повеќе различни мотиви одеднаш.

Не ги избегнувајте шарените дезени, туку научете како да изгледате добро во нив. Погледнете ги нашите примери и водете се според нив, следниот пат кога ќе дојдете до овој или сличен “проблем”.

Дезен со црна и бела боја
Контрастот помеѓу црната и белата боја е сам по себе “statement” детаљ, па така овој дезен во комбинација со овие две нијанси ќе изгледа одлично и не толку нападно.

За разлика од црната и белата боја, неутралните тонови ќе овозможат одбраниот дезен да стане фокус на вашиот стајлинг.

 

Исти бои
Дезен на бела основа ќе изгледа одлично во комбинација во иста боја. Ова исто така важи и за други нијанси. На овој начин се намалува интензитетот на дезенот, па нема да изгледате премногу впечатливо.

 

Силни бои
Ако сакате да изгледате впечатливо, а покрај тоа и да експериментирате со стилот, одберете впечатлива боја со дезен и додадете уште едно парче во слична, но во по жива (вибрантна) нијанса. Не грижете се, бидејќи ќе изгледате феноменално!

 

Минимални модни додатоци
Тука станува збор за стил и количина. Чисто бели чевли и тегет чорапи се суптилна и интересна комбинација со овој впечатлив мини фустан. Заклучокот на овој стил е …никогаш не претерувајте со дезените и сè сведете на минимум, дури и кога станува збор за детали. На овој начин ќе го избегнете кич изгледот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни кујни со не’рѓосувачки челик!
Следна објаваBlue Majik-најнов тренд во здравата исхрана!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР