ОВЕН

Работа

Во овој период ќе бидете во ситуација да се договорате за нова рабата, со некој кој е подложен на ризици и е подготвен да тргне со вас во нов бизнис. Финансиската ситуација се подобрува.

Љубов

Не размислуваjте премногу, бидејќи заклучокот би можел да биде на ваша штета, освен, ако не сте во врска со Шкорпија или Јарец.

Здравје

Сменете го режимот на исхрана.

БИК

 Работа

Се чувствувате добро во друштво на некој што ги промовира вашите амбиции и кој се обидува да ве извести, дека ќе ве поддржи со било и каков проблем да се соочуваате.

Љубов

Не двоумете се да излезете со личност која долго време е ваша опсесија. Меѓутоа, ако сте во трајна врска или брак, а и понатаму сте опседнати со фантазии за друго лице, прво расчистете со себе, и што сакате од вашиот живот.

Здравје

Бидете повнимателни во сообраќајот.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Многумина се уште сонуваат за нешто што би можеле да бидат, но би било подобро, да бидете што е можно пореални во тоа што го планирате, особено кога станува збор за приватниот бизнис.

Љубов

Ќе бидете оптеретени со вашите планови и желби, притоа не гледајќи ги желбите на вашиот партнер.

Здравје

Намалете го внесот на алкохолот.

РАК

Работа

Новата недела ви дава можност да преку работа со странци, го извлечете максимумот од една неизвесна ситуација.

Љубов

Подготвени сте да се сретнете со личност која долго време сте немале шанса да ја сретнете, а навистина многу ви се допаѓа. Ако сте слободни, ќе запознаете некој што се занимава со приватен бизнис, можеби работи во некоја канцеларија со странци или често патува во странство, а ќе сака да стапи во врска со вас.

Здравје

Бидете повнимателни на улица.

ЛАВ

Работа

Новите деловни понуди ќе ги прифатите со ентузијазам и вашиот знак е еден од оние кои имаат најдобра шанса да напредуваат во кариерата и да ја искусат позитивна трансформација.

Љубов

Успевате да направите многу од она што е во ваш интерес и најверојатно, ќе го организирате вашиот живот така, што првично вие задоволни.

Здравје

Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Работа

Ако сте економист, оваа недела отворете четири очи, бидејќи нешто важно може да пропуштите, кога документацијата е во прашање.

Љубов

Без оглед на статусот, во овој период ќе се чувствувате многу осамени. Покрај тоа, ќе имате силна потреба да го осмислите личниот живот, за да најдете доволно време и да ги видите оние што ги сакате.

Здравје

Можни повреди во домот.

ВАГА

Работа

Верувате дека треба да постапите така, како што другите ве советуваат, дури и ако не чувствувате дека е тоа најмудрото за вас.

 Љубов

Ако немате тајна љубов, најверојатно сте оптеретени со размислување за нешто со вашата претходна врска, и сѐ што сте пропуштиле да направите. Не се обидувајте да ја поправите ситуацијата, освен ако имате индикација од другата страна дека е заинтересирана.

Здравје

Внимавајте на повреди.

ШКОРПИЈА

Работа

Имате многу посилна конкуренција отколку што мислите. Во овој период вашата сила на убедување, нема да излезе на прв план. Можно е да се зголеми профитот преку приватниот бизнис, најверојатно во работењето со странци.

Љубов

Ако сте во долга врска или брак, веројатно многу работи ги правите погрешно, а вие за тоа не сте свесни. Тешко дека некој ќе ги забележи вашите добри намери.

Здравје

Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Постои можност за зголемување на приходите преку работа со странци, но не склучувајте договори без нужна потреба. Иако имате многу планови во врска со новата работа и желба да го проширите опсегот на работа, би било добро да размислите пред да се вклучите во било што.

Љубов

Се чувствувате добро во друштво на моќни и влијателни луѓе кои покажуваат отворена желба да бидете со вас. Можна е нова романса.

Здравје

Намалете ги оброците.

ЈАРЕЦ

Работа

Вие сте убедени дека знаете што правите и не дозволувате никој да влијае на вашето мислење. Не му дозволувајте на еден Бик или Рак да ве поколеба во врска со вашите планови, кои се однесуваат на странство.

Љубов

Опседнати сте со размислување за некој, кој најверојатно сте го запознале на некое патување. Добро се согласувате со луѓе кои имаат големо разбирање за вашата кариера и кои се подготвени да ви помогнат да ги реализирате вашите планови.

Здравје

Од време – на време, нерасположение.

ВОДОЛИЈА

Работа

Веројатно имате повеќе ривали и непријатели отколку што претпоставувате. Не влегувајте во деловна соработка со оние, кои не ги знаете добро. Во овој период очекувајте големи придобивки во игрите на среќа.

Љубов

Верувате дека можете да го убедите лицето кое ви е драго, да го прифати вашиот предлог за заедничко патување, можеби во странство.

Здравје

Добро се чувствувате.

РИБИ

Работа

Новата недела ќе ви донесе разговори во домот за нешто што може да биде многу битно за вас, без разлика дали тоа е недвижен имот или нов бизнис кој ќе го вклучи целото семејство.

Љубов

Во овој период ќе бидете расположени за флертување, пособно на некое патување во странство. Можна е средба со некогашна симпатија.

Здравје

Добро.

СПОДЕЛИ
Претходна објава#Divianarts | Филип Ѓорѓиоски фото на неделата!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмски театар (13.11. – 19.11.2017)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР