Актерката Џенифер Лоренс е протагонист во новата кампања 2018 на брендот Диор…Бренд амбасадорката позираше во серија портрети, кои ги фотографираше Брижот Лакомб.
Креативниот директор на брендот Диор, Марија Грација Кијури, ја пронајде инспирацијата за оваа кампања, но и за колекцијата, во делата на сликарката Џорџија Окиф како и во американскиот југозапад.
Џенифер изгледа многу елегантно во фустаните на врзување, со марамите и уникатните сламени шапки, дизајнирани од Стивен Џонс. J’adior и Lady Dior торбите во неутрални тонови, исто така се во центарот на вниманието за оваа кампања.