Големите топли џемпери и широки панталони секогаш ќе имаат простор во нашата гардероба кога ќе дојде есенската сезона, а благодарение на враќањето на модата од седумдесеттите и цветните модели можат да се приклучат на оваа мешавина.

Во галеријата, погледнете ги овие неколку стилови кои ќе ви покажат дека цветниот мотив не е само за топлото време и само за пролетната мода …

Košulja-haljina sa karnerima + somotske čizme

Кошула-фустан со карнери + кадифени чизми

Изберете цветен фустан со карнери и долги ракави и спарете го со есенски чизми од сомот што се вистински есенски хит.

Bluza sa rolkom + kožna suknja + baletanke

Блуза со ролка + кожено здолниште + балетанки

Оваа модна комбинација е одлична за оние топли денови кои се појавуваат од време на време, но исто така и за прилики кога сакате да изгледате комплетно средени и женствени. Блузата со мала ролка и цветен дезен ќе биде доволно да ја избалансирате кратката должина на здолништето, додека нејзината бургунди боја јасно покажува дека е намената за есенската сезона.

Cvetni statement kaput + košulja + metalik cipele

 Цветно палто + кошула + метални чевли
Ако ви се допаѓа цветниот модел и додека експериментирате, капут со цветен дезен е веројатно идеалното парче облека за вас. Под капутот облечете едноставна бела кошула и фармерки, а со трендовски детали како метални чевли, ќе му дадете на целиот изглед фантастичен и впечатлив изглед.

Slip haljina + krop farmerke + kožna jakna

Слип фустан + кроп фармерки + кожена јакна
Слип фустаните се женствени и безвремени и нема специфична сезона во која не се носат. Во текот на топлите денови можете да ги носите самостално, а во постудените есенски денови можете да му додадете едноставни парчиња како фармерки и кожна јакна. Суптилно секси и женствен изглед, никогаш не е на одмет…
СПОДЕЛИ
Претходна објаваБлејзер од Манго – женствен со доза на луксуз!
Следна објаваАко ти се излегува оваа седмица
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР