Блазерот е еден од најултимативните есенски трендови …

Како што досега пишувавме, блејзерот е еден од оние парчиња од облеката што секоја дама треба да го има. Заради елегантниот, а истовремено лежерен изглед, може да помине како полесна варијанта на сако, има формална силуета и секој стил може да го крене на повисоко и посериозно ниво.

Sвонестите ракави се исто така еден од најголемите трендови во сезоната, а заедно со блејзерот изгледаат женствено со доза на луксуз,

Можете да го носите со фармерки и класична кошула или блуза, но исто така и со класични панталони, здолниште од било кој крој, комбинезон или фустан. Со него, што се однесува до обувките, дозволено е да се носат патики и чевли на пета, што ќе ви даде посебна слобода за создавање уникатен стил.














