#1 Brogues cipele

1 Brogues чевли

Познати по своите интересни перформации, Brogues чевлите се класични кои можат да се комбинираат со одело или со кежуал облека. Можеме да кажеме дека нив “мора” да ги има еден урбан маж, иако тие имаат прилично скромно потекло, кое не води назад во руралните делови на Шкотска и Ирска од 19-тиот век. Перфорациите кои сега ги красат како совршени детали, имаа друга цел покрај декоративните, кога овие чевли се креирани – чевлите биле прободени, така што водата можела да се исцеди надвор од нив. А модерна интерпретација на овој модел се Corthay Ike Derby, кои чинат 1,950 долари.

#2 Wingtip

2 Wingtip

Wingtip чевлите се карактеристични со заоблена W форма на својот врв, кој не потсетува на крилја на птица во лет. Токму така и го добија своето име. Овој ефект може да биде суптилен или нападен со додавање на украси, а се постигнува со специјален процес. Најдобар претставник на овој модел се од брендот Medallion Wightip Derby J.M. Weston, кој чини 1.035 долари и претставуваат модерно повторување на традиционалното лежерно парче.

#3 Chelsea čizme

3 Chelsea чизми

Патентирани во 1850 година, од страна на чевларот на кралицата Viktoriа, J. Sparks Hola.  Дизајнот на Челзи чизмите е без конци, но се држат на стапалото со помош на еластичните страни. Овие чизми до глужд, својот најдобар период го имаа во шеесеттите години кога ги носеа членовите на Битлси. Од тогаш, нивната популарност не е намалена, но многу модерни брендови ги префрлија во сферата на луксузот. Чизмите Newmarket Chelsea на Едвард Грин чинат 1.470 долари, а се направени од издржлива темна кожа.

#4 Smoking Slipper

4 Smoking Slipper

Познати и како Алберт, овие мокасини прв пат се појавија во текот на 1800- тата година, како чевли за удобно одење во куќата. Денес, тие се претворија во модел кој има свои посебни карактеристики – горниот дел е од велур и тенка постава. Овие измени ги бараше принцот Алберт, а веројатно и поради тоа, денес се синоним за луксуз. Моделот George Cleverley Skeleton on Bike, чини 420 долари и е идеален претставник на оваа категорија, но, исто така, тие можат да бидат во целост изработени по нарачка со безпрекорен сервис, кој овој бренд го нуди по цена од околу 4.000 долари.

 

 

#5 Dress Sneaker5 Dress Sneaker

Како најмлад стил на нашата листа, патиката своето деби го имаше во целосна форма во 1917 година, кога брендот Converse All Stars ги претстави своите модели. До крајот на дваесеттиот век, немаше луксузна понуда на овие опуштени модели, кои од спортските терени се префрлија во конференциските сали. Денес, постојат голем број на луксузни и елегантни патики. Еден модел кој посебно се издвојува, доаѓа од брендот Bally и тоа е Helvio кој чинат 500 долари, а има структура од гума и кожа и како и врежани детали.

#6 Espadrille

6 Espadrille

Еспадрилите настанале пред околу осумстотини години во Баскија, како лесни чевли за пешаци, свештеници и танчери. Тие имаат нежна памучна или ленена конструкција со надворешен ѓон од ткаено јаже. Современите верзии на овој модел, како А. Testoni од велур се со цена од 550 долари, а се многу модерен додаток на летната гардероба.

#7 Sandal7 Sandal

Сандалите  се најстариот модел на чевли не само на оваа листа, но исто така и во целата историја на човештвото. Грците носеле модели направени од дрво и кожа, египетските биле создадени од папирус, а денес има безброј варијанти во кои можете да уживате. Едни од  од најдобрите во модерна интерпретација се секако, Tod’s, кој чинат 500 долари и се направени од кожа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗеведувачка кампања на Paco Rabanne !
Следна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР