Глобалниот бренд за минерална вода Евиан заедно со агенцијата BETC ја продолжува маркетинг кампањата со бебиња во главната улога. Овојпат, бебињата се облечени во преголема облека во која ги претставуваат, меѓу другите, и светските спортски ѕвезди како Стан Вавринка, Марија Шарапова, Медисон Кис и др. кои се симбол за здрав живот и хидратација. Кампањата наречена Evian Live Young #evianOversize е дело на маркетинг директорот на брендот Патриша Олива. Главниот медиум на кој ќе се претставува оваа рекламна кампања е Снепчет и останатите социјални медиуми кои во последно време имаат предност пред рекламите на телевизиските екрани. Погледнете дел од фотографиите од кампањата во продолжение.