Сезоната пролет-лето 2017 ќе ја отвори ревијата на Јована Филиповиќ со колекцијата за пролет/лето 2017

На 31 март во салонот „Порше Македонија“ ќе биде отворено петнаесеттото јубилено издание на Моден викенд Скопје, кое ќе трае до 2 април под мотото „Чиста индивидуалност“ (Pure individuality).

Сезоната пролет-лето 2017 ќе ја отвори ревијата на Јована Филиповиќ со колекцијата за пролет/лето 2017. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен италијански накит на „Sigma Jewelry“ под слоганот „Пролет е време за убави нешта“. За прв пат на Моден викенд Скопје ќе ја видиме Емира Имери со колекцијата “Heyoka” за пролет-лето 2017 година. Вечерта ќе ја заокружи колекцијата на „Алшар“ под името „Аут оф Африка“ .

Веднаш по ревиите на истата локација- „Порше Македонија“ од 22, 30 часот посетителите ќе го дочекаат први април на забава.

Втората вечер ќе започне со групната ревија на 15 студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет Р. Македонија, наречена „Шик-шок-ефект“. Ќе следува ревијата на „Линеа колекшн“ со колекцијата составена од повеќе линии.

Првпат на Моден викенд Скопје ќе се претстави „Атеље Коцарева“ со колекцијата „ Историјата ја пишуват победниците“ (History is written by the winners) а потоа и „Марсин“ со колекцијата „Бонд лејди“ .

За крај на втората вечер ќе ја видиме најновата колекција на Ирина Тошева која како што вели дизајнерката „има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата“.

Последната вечер на втори април публиката ќе ги види „Валон фешн груп“ (Walon fashion group) со колекцијата „Plumes et Perles“, ревијата на „Паоло Бочели“ (Paolo Bocelli) и нивната колекција за актуелната сезона која е фузија помеѓу урбан гламур и класичен и кежуал дизајн, Сара Реџиќ и „Елизе“.

За крај на петнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе ги видиме тројцата избрани финалисти од неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“, „Shaleva Couture“ и „Ана Марија“. Тие најпрвин ќе заминат на белградската модна недела на 28 март, кадешто ќе се одбира најталентираниот балкански дизајнер кој потоа ќе има ревија на модната недела во Лондон во септември годинава

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМинималистички слушалки кои и пркосат на гравитацијата
Следна објаваСинoним за традиција, квалитет и нови трендови – Југоекспорт Стил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР