
Уменичко-креативниот проект Polimind, кој настана во Лисабон е под водство на креативците и архитектите Душан Цветковиќ и Andreiе Cabanas. Нивната страст и љубов кон архитектурата, концептуалната уметност, 3D моделите и декорација на ентериери, допринесе за создавање на визија за трансформации на енtериерот низ целиот свет, со помош на DIY хартиени модели.

Дизајнерите на Polimind, дознаа дека декорацијата на енериерот и празните sидови претставуваат одреден вид на предизвик, за голем број луѓе. Не е лесно да се пронајде права декорација која создава посебно чувство на пријатност и комфор. Токму со Polimind креативните хартиени модели, секој може да го преуреди својот дневен простор и да го оживее на посебен начин.







Овие едноставни предмети можат да се составуваат во различни величини според дизајнот и функцијата, како и со голем избор на бои. Изработени се од висококвалитетна издржлива хартија и се идеални за секој, кој сака својот дом да го направи пријатен и интересен.







![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)







