„Дизајн што продава“ е три-дневен настан кој претставува стимулација за младите претприемачи и брендовите во развој во Македонија. Учеството и програмата им помагаат на сите учесници да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар.

Настанот нуди можност не само да ги изложите и продавате своите производи и услуги, туку и да комуницирате и соработувате со дизајнери и маркетери од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите.

Програмата е структурирана во следниве категории:
– Изложба на дизајн производи и услуги
– Отворени предавања
– Приватно советување за учесници
– Забавна програма и неформално дружење

“Дизајн што продава” е одлична можност да прашате каква порака пренесува вашата амбалажа не само за производот туку и за вашиот бренд.

Главната идеја зад овој настан е да овозможи продажба, даде видливост на вашиот бренд, ви помогне да комуницирате со експертите со цел да размените идеи, да ги споделите најдобрите искуства кои сте ги имале до сега, да изградите стратешко партнерство и да зголемите го профитот од вашето работење.

УЧЕСТВО
Изложбата со продажен карактер дава поголема видливост на младите брендови, нивните производи и услуги, со што тие ќе имаат финансиска корист преку директна продажба, ќе добијат повратна информација од посетителите, ќе профитираат од учеството на отворените предавања каде експертите од регионот и на крај ќе имаат огромни придобивки од приватните сесии со експертите кои ќе им дадат совети кои се однесуваат конкретно на нивниот бизнис , бренд и позиционинрање на пазарот.

Повеќе информации за тоа како да се ПРИЈАВИТЕ на: contact@publicroom.org и https://growupacademy.leadpages.co/dizajn-shto-prodava/

Кликнете тука за повеќе информации…

Кликнете тука за да го видите настанот на facebook…
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрата серија за пари и моќ започнува со втората сезона | Оваа серија ќе ве воодушеви
Следна објаваОдличен автомобилски концепт за големо семејство!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ