Македонската опера и балет продолжува со востановената прaктика за едукација на нашата најмлада популација преку т.н. Детски викенд

Во викендот сабота (04) и недела (05). 02.2017 г. на Малата сцена во МОБ ќе се изведе новата детска претстава насловена како „Операта на шумските животни“. Ќе бидат изведени по две претстави од истиот наслов вo два термини, од 12 и 13 и 30 часот и во сабота и во недела.
Сценариото на оваа музичко-сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист. Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.
Сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ
Настапуваат: Лиска: Симона Петровски/Надежда Рубен, Меца: Марика Поповиќ/ Катерина Бошковска, Зајко: Јане Дунимаглоски /Дејан Стоев/Борко Биџоски, Буф: Невен Силјановски
На Малата сцена во МОБ, има ограничен број на места, па затоа ги повикуваме заинтересираните навреме да набават билети.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовремени италијански кујни
Следна објаваРазгледници од патувањата на Maxwell Tilse
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ