Шведскиот бренд IKEA постојано не воодушевува со убавите и практични идеи за секое катче од животниот простор. По 13-те идеи за мали балкони, oвојпат ви прикажуваме што познатиот прозводител на мебел и покуќнина има да понуди како инспирација за уредување на најинтимната просторија во домот – спалната соба. Добриот сон, односно креирањето мирно и опуштено катче во кое ќе можете комплетно да се одморите по напорниот ден, денес претставува императив кон кој се тежнее повеќе од било кога во минатото. Тоа не секогаш е едноставно, но со вистинскиот избор на мебел и паметна организација на просторот, спалната соба може да блесне во полн сјај. За таа намена, IKEA претстави 12 пријатни и функционални  катчиња за одмор и релаксација, комбинирајќи ги производите од својата понуда во комфорни и стилски предлози за сечиј вкус. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја темата која најмногу соодветствува на големината, стилот и атмосферата која сакате да ја постигнете во својата спална соба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубав еколошки освестен и урбан стан на Менхетен!
Следна објаваИмагинарни куќи од познатите цртани филмови
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ