Oваа сезона, снег, sвезди и светки се нашите најдраги појави – а да не спомнуваме кога се наоѓаме на маникир! Иако понекогаш “nail art” знае да биде премногу нападен и кич, постојат и одреден изгледи кои ја одразуваат атмосферата – на елегантен и модерен начин. Во продолжение ви прикажуваме 8 изгледи на новогодишен маникир кој ќе го носиме целата сезона, но и понатаму….

 

Дијаманти, дијаманти..

Потсетуваат на шампањ, стаклени чаши, украси на елката…Треба ли уште нешто да додадеме? :) Пекрасни се!

Карирано…

Ако веќе го сакаме овој принт на кошулите, зошто не и на ноктите? Совршени се за новогодишните празници, а истовремено се ретро и модерни.

OMBRE ефект…

Не знаеме дали овие нокти се за лошите или добрите девојки, но го оставаат истиот впечаток….Секако ќе се носат и по сезонава…

Совршена доза на класика..

Ова е класичен и елегантен новогодишен изглед на нокти, кој слободно можете да го носите и на работа, благодарејќи на строгите и рамни линии.

LET IT SNOW!

Нокти инспирирани од снегот се совршена ода на зимата, празниците и атмосферата. А всушност, нив можете да ги носите и преку целата година!

Со светки…

Се разбира дека ниедни новогодишни празници не можат да поминат без малку светки на ноктите. Нам посебно ни се допаѓаат овие графички маникирани нокти кои изгледаат елегантно и весело!

Класика…

Го знаете оној принт кој се наоѓа на сите таканаречени ружни џемпери? Нам повеќе ни се допаѓаат на ноктите!

Sвездена ноќ…

За сите девојки кои најмногу сакаат транспарентни и неутрални  нокти, овој новогодишен маникир со sвездички е апсолутно идеален.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРомантична Valentino Resort колекција за потоплите предели!
Следна објаваБохо невестински фустани владеат на социјалните мрежи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР