Зимската идила секогаш не остава во исчекување на најразнежнувачкиот празник од сите, Божиќ. Време кога сите сме на купче, време кога помагаме и кога безусловно даваме подароци, поддршка, љубов..! А главниот херој на Божиќ е секако Дедо Мраз.
Овој пат, ја гледаме неговата понежна половина и нашата хероина, Баба Мразица. Таа го спасува Божиќ за едно мало момче кое многу ја сака својата постара сестра иако често ѝ приредува многу незгоди. Нашата хероина секако ќе му излезе во пресрет на малечкиот.
Невообичаената божиќна приказна на Marks & Spencer не воведува во новиот модерен свет каде што се ценат традиционалните вредности, но се уважуваат и новите па така рекламата станува еден совршен микс од вистинските нешта кажани на суптилен, но продорен начин во вистинско време.
Режисерот е Том Хупер, Баба Мразица е Џенет Мектир, видеото е вирално, а вие подгответе се да издвоите три минутки од овие студени часови за да си го стоплите срцето:




![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)










