Наградна игра во Вип Припејд

Вип почнува голема наградна игра со која сите Припејд корисницина мобилната телефонија добиваат можност во наредните единаесет недели да освојат еден од 77те  iPhone 6s телефони. Секоја седмица по 7 корисници ќе станат добитници на оваа вредна награда.

Од денеска, сите корисници на Вип Припејд со самото надополнување на кредит на својата сметка автоматски стануваат учесници во извлекувањето за iPhone 6s16GB.

iphone-6s-colors-front-demo2Во наградната игра за iPhone 6s, 1 денар е еднаков на 1 шанса за добивка или на пример 300 денари се еднакви на 300 шанси за добивка, односно колку повеќе корисникот во текот на една седмица ја надополнува својата сметка, толку е поголема можноста за освојување на наградата,а надополнетиот износ може да го искористи за ситеприпејд услуги.

Минималниот износ на надополнет кредитсо кој корисниците учествуваат во наградната игра е 100 денари.

Добитниците ќе се избираат по пат на случаен избор, а извлекувањето на наградите ќе се одвива секоја среда. Учествуваат сите корисници на Припејд мобилна телефонија кои ја надополниле својата сметка претходниот неделен циклус почнувајќи од 14 ноември 2016г. до 29 јануари 2017г. Добитниците на наградната игра „Надополни и играј за iPhone 6s“ ќе бидат објавувани на официјалната веб страна на Вип.

Секој понеделник започнува нов неделен циклус, во кој не влегуваат учесниците од претходната недела. За повторно учество во некое од наредните неделни извлекувања, корисниците треба повторно да ја надополнат Вип Припејд сметката за времетраење на друг неделен циклус.

Повеќе информации за наградната игра можете да прочитате на www.vip.mkили со јавување на 077 1234.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали го знаете новиот предизвик #Мannequinchallenge?!
Следна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ