Некогашните цркви и домови кои датираат уште од пред илјадници години во италијанскиот град со богата историја, Матера се повторно предмет на интерес.

Со помош на модерен редизајн студиото Manca Studio ги претвора во хотели кои што се во согласност со тековните стандарди.

Површината од 300 m² е преуредена и развиена во 4 апартмани и спа-центар кои се дел од La Dimora di Metello Hotel.

Ѕидовите се изработени од камења составени од вулканска пепел кои што ја надополнуваат веќе постоечката текстура на пештерските ѕидови.

Во поглед на ентериерот, просторот е исполнет со едноставни и дрвени елементи, како и неутрални материјали кои што создаваат истовремено современ и модерен изглед, но и минималистички стил соодветен на историјата на пештерите.

Овој хотел претставува совршен спој на традиционалното со современото, со амбиент кој што е едноставен, но со доволна доза на луксуз за да го задоволи секој посетител.

italian_hotel_140916_02-1 italian_hotel_140916_03 italian_hotel_140916_04 italian_hotel_140916_06 italian_hotel_140916_07 italian_hotel_140916_08-1

Автор на сите фотографии е Pierangelo Laterza.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР