Во малото градче Бунол кај Валенсија во Шпанија, годишно произведуваат 160 000 кг домати – за забава. Всушност, се работи за La Tomatinа, фестивал на борба со домати, кој се одржува секоја последна среда oд месец август во градчето Бунол. На десетици илјади луѓе од целиот свет доаѓаат да се борат во оваа најголема светска борба со храна. Секако, како и за се и овој фестивал има своја историја.

Борбата со домати е традиција во Бунол од 1944 или 1945 година, никој не е потполно сигурен како всушност овој настан се случил. Некои можни теории се дека овие борби со храна се случиле помеѓу пријателите, војна помеѓу граѓанската класа на малолетници, напад на гледачите со домати на карневалска парада, за лоши музичари или анархични последици од превртување на камиони.

Една популарна теорија е дека незадоволните граѓани го нападанале градското собрание за време на некоја прослава. Било која да била причината, на граѓаните ова им правело големо задоволство, што го повториле следната година, и годината потоа… Фестивалот бил забранет за време на владеењето на Франко, но по неговата смрт, фестивалот се вратил во 1970 година.

Погледнете фотографии од годинешниот фестивал….:)*

latomatina-1-copy latomatina-2-copy latomatina-3-copy latomatina-4-copy latomatina-5-copy latomatina-6-copy

latomatina-7-copy

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХотел „Ема“ | Винтиџ искуство за љубителите на историјата
Следна објаваРакетна масичка за разиграни умови на малите и големите!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР