По летната пауза “Јавна соба” продолжува со проектот циклус тематски вечери и работилници „Вкусот на Скопје”. На 6.септември на мени е белгиската кујна приготвена од кој друг, ако не Марк де Јонг!

Makr de Jong vo Javna soba

Храната е еден од најзначајните елементи на белгиската култура. Фактот што во Белгија има најмногу сконцентрирани ресторани со Мишелин ѕвезди во Европа, укажува на вистински познавачи на добра кујна и хедонистички став кон животот. Белгијците генерално преферираат големи порции на добро зготвена, налик домашна храна (по македонски манџа). Земјата е лингвистички и културно поделена на два дела и тоа значитално е изразено во поглед на храната. Фламанскиот дел е под влијание на холандската и другите северни кујни, а Валонија е целосно изложена на француски стилови на готвење, односно храна со повеќе интензивни сосови и зачини. Месото, рибата и компирот се сметаат за основа на белгиската кујна, но десертите и чоколадите се нивна специјалност. Покрај добро познатите белгиски пива(Leffe, La Chouffe, Duvel и други) кои дневно се козумираат во хектолитри, Белгијците имаат истенчен вкус и за вино.Белгија, како и Холандија, не е производител на вино, но е огромен вински конзумент.

Cikorija

Белгиецот Марк де Јонг за оваа пригода со тимот на млади готвачи од Јавна соба подготвуваат едно типично белгиско мени:супа од зеленчуксо крцкава сланина, гратинирана цикорија со шунка и кашкавал во бешамел сос, телешка карбонада со белгиско “ступм” пире и познатата бриселска шеќерна торта. На овој начин опфатена е храна од сите 3 региони во Белгија.

Пoвеќеинформациизацелиотнастанможедасенајдатна:http://publicroom.org/landingpages/belgian-dinner-at-public-room.html

“Јавна соба” во сезоната есен – зима 2016 ќе претстави 8 тематски вечери и работилници за храна во соработка со повеќе компании, амбасади и бизнис центри.Целта на сите овие кулинарски настани е да се внесат што повеќе новитети и да се подигне нивото на гастрономијата во земјава, односно да се освежи домашната кујна.

За сите детали и информации обратете се на: Нена Гиевска – ПР агенција Навигаторс: snezana.gievska@gmail.com

СПОДЕЛИ
Претходна објава9 cool eсенски изгледи од H&M!
Следна објаваНОВИ ОСУМ НАСЛОВИ ВО ЕДИЦИЈАТА „ПРОМЕНАДА“
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР