unnamed

Да видиме што велат ѕвездите за нашите недостатоци и да се потрудиме да ги поправиме со цел да сме најдобрите можни верзии на себеси.

  1. Стрелец

Стрелците често изгледаат доста самоуверено чекорат кон иднината, трудејќи се да ги остварат своите замисли. Но, стануваат расеани и во најмала рака, незаинтересирани кон нештата кои веќе ги добиле па неблагодарноста или несвесноста за нештата кои веќе се во нивниот тесен круг се рефлектира на работното или училишното место или семејството.

2. Вага

Вагите имаат потешкотии со донесувањето одлуки и честопати ги лутат луѓето околу себе поради константното менување на планови, мислења и расположение.
Исто така се често мрзливи особено ако немаат мотивација за да истраат до крај со нешто. Бидете внимателни кога е во прашање физичкиот изглед, затоа што умеат да заборават што е тоа внатрешна убавина.

3. Шкорпија

Кога се во прашање Шкорпиите и нивните маани, очекувајте да бидат многу љубоморни, особено ако сте во романтична врска.
Исто така нивен заштитен знак е мистериозноста, па често сакаат да скријат детали од својот живот, вешто манипулирајќи ги луѓето околу себе.

4. Водолија

Водолиите се едни од најекстремните луѓе кои ќе имате шанса да ги запознаете. Движејќи се од крајност во крајност, избива на површина нивната твроглавост и цврсто верување дека тие ја креираат својата судбина и тие треба да ги донесат сите одлуки. Можат да делуваат и далечно и студено, не сакајќи да се вклопат или воопшто да бидат дел од некои случувања без определена причина.

5. Јарец

Јарците се често срамежливи додека да го спуштат својот гард и да се опуштат во социјалниот круг кој ги опкружува. Често се тврдоглави поради песимистичниот поглед кон светот кој го кријат длабоко и им недостасува некој да ги поттурне или мотивира затоа што во суштина, не сакаат да бидат дел од овој свет.

6. Девица

Девиците се често критичари, со остар и осудувачки поглед кон нештата околу нив. Родени перфекционисти кои ужасно ги иритира кога некој се меша и бара промени во нивниот животен концепт. Уживаат во привидот на совршенството и се навредени кога некој не успее да ги задоволи нивните високи стандарди за естетика, и воопшто, живеење.

7. Риби

Рибите се идеалисти, што значи дека и кога гледаат нешто прекрасно, тие би сакале нешто уште подобро.
Бегаат од своите одговорности секогаш кога ќе почувствуваат дека нешто им оди погрешно во животот, веројатно поради хипер-чувствителниот карактер.
Вечни мрзи, особено ако активноста не им е од спиритуална корист.

8. Рак

Раковите не можат да се справат со своите емоции. Често се едни од песимистичните луѓе и тоа ги прави навистина раздразливи и незадоволни за тоа какви се нештата околу нив. Љубопитни до бесознание, луѓе кои ќе анализираат се што ќе им кажете или направите до иритирачка мера.

9. Близнаци

Без чувство за насока и темпо, на Близнаците им досадува буквално се. Близнаците се најчесто тие што започнуваат повеќе работи од еднаш и после се забаталуваат. Двете лица ги менуваат вешто и прецизно за да створат илузија на жртва.

10. Лав

Лавовите навистина го сакаат центарот на вниманието, па затоа можат да изгледаат себични, арогантни, нетрпеливи и по малку љубоморни за се што е подобро од нивното. Не можете да убедите Лав да излезе од својата школка и да направи нешто различно како што не можете ни да им докажете дека не се центарот на универзумот и не се врти се околу нив.

11. Бик

Едни од најтвродглавите луѓе кои ќе ги запознаете, затоа што имаат веќе создадена визија за тоа како се треба да изгледа и не сакаат кога некој им нуди забелешки или предлози како да си го подобрат животот.
Веруваат дека се им е под конец, но всушност се доста немотивирани и спори. Очекувајте да бидат материјалисти, но само затоа што сакаат да бидат сигурни во својата иднина.

12. Овен

Овните сакаат пресметки и обожаваат да се препираат со останатите. А тешко е да им докажеш дека не се секогаш во право поради силниот штит на тврдоглавоста. Импулсивни и тешки за расправии, Овните не се најдобрите знаци за опуштена дискусија.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ