Ања Јакубовски, генерален менаџер за Coca-Cola за Полска и Балтичките држави, е главен предавач на Marketing Kingdom Skopje,најголемиот маркетинг-настан во регионот, кој ќе се одржи на 30 септември во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Ania 1

Ања има дваесет и петгодишно искуство на позиции на високо раководство и генерален менаџмент во Северна Америка и Европа со врвни компании за потрошувачки производи: Procter & Gamble, Coca-Cola Hellenic Bottling Company  и Coca-Cola Company. Член е на Надзорниот одбор на  Bank Millennium SA. Ања е избрана да претседава со Полските Ефи награди во 2016 год., кои ја наградуваат ефективноста во индустријата на маркетинг-комуникации преку едукација и признанија. Исто така е и член на Управниот одбор на Полско-меѓународното здружение за рекламирање (ИАА) и Полско-американската трговска комора (AmCham). Во 2016 год., Ања доби наградаод Why Story Polska, Charismatic Woman – Business & Social Enterprise Award (награда за „Харизматична жена – Бизнис и социјални претпријатија“) –  (www.whystory.pl), за нејзините придонеси за заедницата. Исто така во 2011 год., доби признание од Меѓународното здружение на жените со наградатаWorld of Difference 100 Award ( „Придонеси за менување на светот 100“) -(www.tiaw.org) за нејзиниот придонес за економското еманципирање на жените.

Неодамна ја замоливме да ни даде неколку совети за маркетарите во Македонија. Во продолжение се наведени нејзините иновативни совети:

  • Едноставно кажано, најдобрите идеи потекнуваат од едноставни концепти. Оставете ги акронимите и обидите да воодушевите – објаснете ги вашите идеи како да ги објаснувате на пријател на кафе.
  • Не работете сами, искористете ги вештините и искуството на оние околу вас, искрено!Околу вас имате неверојатна мрежа од експерти на различни функции – вклучете ги уште на почеток; креативноста, поседувањето и извршувањето ќе се подобрат. Ветувам.

А да… И кога ќе биде успешно – споделете ја „славата“ и со нив.

  • Ќе добиете повеќе ако вашите агенции се чувствуваат како партнери (а не само како снабдувачи).
    Споделете го со нив, не само планот за работата, која сакате да ја завршат, туку и пошироката слика за тоа како нивната работа се вклопува во вашите бизнис-цели и планови. И известувајте ги за напредокот.
  • Користете го принципот „спиење навечер“.Започнете со одредување и искажување на вашите принципи/принципите за проектот; одредете што е правилно да се направи, а не само што е лесно да се направи, почнете, имајќи ги предвид долгорочните цели. Донесувајте одлуки со кои ќе можете „мирно да спиете“ навечер – на крајот на краиштата, спиењето е важно ;-)
  • Тргнете се од бирото – живејте онаму, каде што живеат вашите производи/идеи (неделно!). Посетувајте продавници, бидете со потрошувачите, одете на конференции, фестивали, зборувајте со интересентите итн. Слушајте, гледајте, впивајте… Ќе се изненадите какви едноставни, корисни (моќни) работи учите кога не сте зад вашето биро/компјутерски екран.
  • Надградувајте се себеси – бидете интелектуално љубопитни. Подобрувањето, креативноста и иновативноста доаѓаат кога размислувате поинаку – што правите надвор од четирите ѕида на вашата работа за да го стимулирате вашето лично развивање и да ги проширите вашите размислувања?

За крај, за да слетате„Човек на Месечината“, мора сите да бидат вклучени и сите да се фокусираат на решението. Кога ќе се соочите со нешто што вие/вашиот тим смета дека не може да се направи – запрашајте се/ги, како може да однесеме „Човек на Месечината“, но не можеме да најдеме решение за „ххх“. Така ќе го вратите размислувањето на она што е возможно, и со тоа,на кој начин тоа да се постигне!

Ania 2

Marketing Kingdom Skopje го организира P World, македонска, меѓународна, креативна агенција, која организира луксузни бизнис-настани во 30 земји во светот. Marketing Kingdom за првпат се организираше во Загреб во март  2011 год. и оттогаш  настанот се организира во 14 различни земји годишно, меѓу кои Исланд, Египет, Јордан, Мароко и Азербејџан.

Информации за цените и билетите за Marketing Kingdom Skopje можете да најдете на официјалната страница за настанот:

http://www.thepworld.com/pevents/event/135/marketing-kingdom-skopje

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOff Paris прв хотел на вода во Париз!
Следна објаваКамена вила за совршени летни мигови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ