13516678_1813249448893854_1505934775147400014_n

Кулнарска работилница за млади професионалци

Италијански рецепти за добра и вкусна храна

Последната тематска вечера и кулинарска работилница за оваа сесозна, се затвора со италијанската кујна за млади професионалци. Денес во Јавна соба, со почеток во 20.00 часот, на репертоар е уште едно ново кулинарско дружење и учење за сите љубители на добра храна. Марк де Јонг, ќе приготвува три вида на паста и една кус – кус салата.

Секогаш користиме исклучително квалитетни производи за приготвување на храната преку која ја разскажуваме приказната за одреден регион или земја. Денес ќе приготвувам три вида на италијанска паста благодарение на Дивела и Мегле. Заедно ќе уживаме со сите сетила”. – изјави Марк де Јонг

Влезот на работилницата е слободен за сите заинтересирани кои сакаат да научат да готват добра и вкусна храна, причината е развивање на програмата за здраво и добро хранење наменето за млади професионалци кои се посветени на кариерата и немаат повеќе од 30 минути време и трпение да зготвар добра, здрава и вкусна храна.

Со серијата на кулинарски настани, тематски вечери и работилници, Јавна соба ја презентира јавно програмата за гастрономско продуховување.  Кулинарските вештини ги презнетираа неколку гастрономи од земјата и станство. Со вечерашното италијанско мени се заокружува програмскиот дел за пролет- лето 2016. Новиот циклус на тематски вечери и работилници продолжува од 1.септември

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГерманија преку фотографии
Следна објаваШестте најнеобични места во светот
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР