Ова слатко задоволство не мами веќе 3100 години и за тоа треба да ги обвиниме Ацтеките кои ја пронашле чоколадата во Централна Америка и тоа додека се обидувале да направат пиво.

На Светскиот ден на чоколадата, 7 јули, ние ќе ве почестиме со неколку интересни факти за ова парче сладок рај:

  1. Навистина постои чоколадна река
    Односно постоела, во 1971. Таа била направена од скоро 57 000 литри вода измешана со чоколадо и крем за потребите на филмот „Вили Вонка и Чоколадната Фабрика“. Со таа количина на крем, реката се расипала прилично брзо и оставила навистина лоша миризба зад неа.
    5618890_orig
  2. Чоколадата била употребувана како парична валута
    Во времето на Маите, зрната какао биле користени како пари и вределе повеќе од злато. Култивација на какаото била забранета за да не дојде до опаѓање на вредноста на какаото како валута.
    screen-shot-2015-10-02-at-3-06-06-pm
  3. Белата чоколада не е вистинска чоколада
    Да, не излажале сите. За продукт да биде означен како вистинска чоколада треба да содржи какао или какао ликер. Белата чоколада содржи какао путер наместо тоа.
    shutterstock_147390839
  4. Европјаните се најголеми љубители на чоколада
    Според Интернационалната Какао Организација, половина од светската потрошувачка на чоколада е во Европа. Нивните проценки се дека секој Британец, Германец или Швајцарец јаде по 11 килограми чоколада годишно. Голем дел од другата половина на љубители се наоѓа во Америка.
  5. Постои чоколаден чипс
    За органичен период, Lay’s во Америка продавале чипс потопен во млечна чоколада. Луѓето велеле дека е солено-блага комбинација, и контрастот меѓу текстурата на крцкавиот чипс и меката чоколада е убав.maxresdefault
  6. Навистина можете да умрете ако изедете премногу чоколадо
    Чоколадата содржи висока концентрација на моќен стимулант теобромин (theobromine), кој во преголеми количини може да предизвика напади, оштета на бубрезите, дехидрација и дури престанок на срцевата функција.
  7. Вашата чоколада веројатно содржи бубачки
    Во просек една чоколада содржи околу 8 делови од различни инсекти, но е сепак безбедна за конзумирање. Доколку има 60 или повеќе делови од инсекти во 100 грама чоколадо, тогаш тој продукт не е одобрен од Амерканската FDA (Food and Drug Administration).
  8. Најмногу сакаме Тоблероне!
    Толку е голем бројот на Тоблероне чоколади што се продаваат секоја година што ако се постават едно до друго на рамна површина нивната должина ќе изнесува 62 000 километри што е повеќе од обемот на земјината топка.
    IMG_2344
  9. Поради чоколадото е измислена микробрановата печка
    Научникот Перси Спенс (Percy Spence) случајно бил голем обожавател на чоколадо. Откако поминал некое време до моќниот уред магнетрон, тој забележал дека чоколатцето кое му стоело во џебот се стопило. Тогаш тој споил два по два магнетрона заедно сфаќајќи дека така произведуваат навистина силна топлина и можат да згреат храна за неверојатно кратко време. Од таму се родила микробрановата и останатото е историја.
    145859797
  10. Чоколадото не прави среќни.. И тоа го потврдува науката
    Чоколадите се полни со триптофан, кој го подига нивото на ендорфини во човечкиот мозок и го зголемува производството на серотонин, што создава чувство на среќа и еуфорија. Другата хемиска супстанца е фенилетиламин (phenylethylamine) кој го предизвикува истото чувство како кога сте лудо заљубени. (Науката уште вели дека кога јадеме слатко, се активира невротрансмитер во нашиот мозок кој прави да се чувствуваме “наградени“, односно на некој начин го сфаќа шеќерот како награда. И поради таа емоционална сензација нашиот мозок бара уште благо.)tumblr_lrdhpih7961qecsqso1_500

НЕМА КОМЕНТАРИ