1

Романтична драма снимена според истоимениот познат роман од Џоџо Мојс. Лу Кларк (Емилија Кларк) е девојка од скромно семејство во мал град. Неамбициозна и заинтересирана за секојдневни нешта, Лу мисли дека знае многу работи. Но, она што не го знае е дека ќе ја загуби работата и дека ќе ѝ се случи нешто што целосно ќе ѝ го промени животот.

2

Вил Трејнор (Сем Клефлин) е успешен и богат млад човек кој водел динамичен живот пред да доживее сообраќајна несреќа и сега е парализиран. Лу добива работна можност да се грижи за него и да му помага.

5

3

На почетокот, Вил не знае дека Лу ќе биде таа што ќе му ја врати желбата за живот, а Лу не е свесна за прекрасните работи кои следат откако ќе ја прифати оваа работа.

Според критиките, „Пред да те запознаам” е прекрасна романтична драма за едно интересно и навидум незамисливо пријателство кое прераснува во љубов.

4

Премиерното прикажување на филмот пред македонската публика бешe на 23.06.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOва лето ви треба – тотално модерен црн костим за капење!
Следна објаваНовиот тренд во дизанирање на sидови – мапи!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР