Цртањето графити за некои е форма на вандализам, за други пак субкултура, односно начин на којшто најчесто младата генерација, преку уметнички приказ, ја пренесува својата порака во општеството. Иако цртањето по јавни простори е забрането и казниво, овие алтернативни уметнички дела не оставаат никого рамнодушен.

Nova generacija

Деновиве во Скопје неколку билборди беа “нападнати“ од млади креативци, кои обичните слики со заспани бебиња ги претворија во вистински ремек дела. Раскажувајќи го новиот сон на младата генерација, бебињата ги претворија во супер херои, музички ѕвезди и вистински принцези. Новиот изглед на билбордите ја раскажува приказната за сонот на младата генерација која спие на ДормеоAir, најголемата иновација во дизајнот на душеци во последните 20 години.

Огромен предизвик е, велат цртачите на графити, да создадеш дело коешто ќе говори без зборови. Инспирацијата е секаде околу нас, а ние се трудиме со секој потег со раката да му вдахнеме душа на цртежот. Нашата цел е, додаваат, никој којшто ќе го види цртежот да не може да остане рамнодушен. Позитивните реакции за нацртаното се нашата најголема награда.

Ако никогаш не сте виделе како во неколку потези се создава вистинско уметничко дело, посетете го штандот на Дормео, во хала 2на Скопски саем. За време на Саемот за мебел којшто се одржува од 22 до 27 март, таму ќебиде изложена целокупната понуда на водечкиот бренд за квалитетен сон.Во исто време, цртачи на графити ќе ги разоткриваат новите соништа на младата генерација.

Видеото за создавање на уметничките дела по скопските улици може да го погледнете тука.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 примени на кокосовото масло
Следна објаваChanel со топ моделот Cara Delevingne во новата кампања!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ