tree-house-featured-imageДоколку сакате да се споите со природата, а притоа да не го жртвувате луксузот на одморот или за време на викенд, сега можете да имате се, благодарејќи на овој проект кој го креираше белгиската компанија Trees and People.

Dom’Up е осмоаголна структура која е распната помеѓу две дрвја и го прави секое кампување вистинско доживување. Иновативната куќичка на дрво нема никакво влијание на околината – не остава траги по стеблата ниту на тлото после демонтажата.

Оваа куќа моќе да се постави за два дена, а се состои од челичен рам, композитен дрвен под и платнени sидови кои се отвараат зависно од тоа дали ви е потребна природна светлина или приватност. Структурата од 15 метри квадратни има водоотпорен дупли кров а опремена е и со цврста и сигурна мрежа.

Естетиката е едноставна и природна со нагласок на деталите кои придонесуваат да се наполните со енергија од природата.

tree-house-featured-image

tree-house-bed tree-house-chairs-1

tree-house-peopletree-house-lake

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБалетот ,,Дамата со камелии” во МОБ
Следна објаваИдеална локација за одмор според хороскопскиот знак!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР