Националната установа Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар го објави конкурсот за учество на третиот по ред Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“. Право да конкурираат имаат сите поети од Македонија и од Балканските земји без разлика на возраста. Творците конкурираат со по една до сега необјавена песна, не подолга од 32 реда, на слободна тема, напишана на мајчин јазик. Песните се испраќаат на е-маил адреса: literaturniiskri@yahoo.comнајдоцна до 29-ти март.

poetski festival gostivar

Пристигнатите творби ќе ги оценува стручна комисија, а резултатите ќе бидат соопштени во текот на април.

Освен избор на најдобрите автори што ќе влезат во трка за фестивалските награди, комисијата ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка, алманах.

Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24-ти Мај.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

konkurs poetski festival gostivar (1)

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВљубете се во Полска
Следна објаваМодните стилови на улиците на Милано, Париз, Њујорк
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ