ОВЕН

Оваа недела ќе се чувствувате многу убаво. Ќе бидете енергични  и ќе знаете како тоа да го потрошите. Дајте се од себе на работа и не губете време за некои стари планови, туку започнете со нешто ново. На работа ќе разберете за некои новости, меѓутоа не придавајте му многу значение на тоа што ќе го слушнете. Бидете што повеќе во друштво. Можно проблеми со циркулацијата.

БИК

Оваа недела ве очекува успех на работа. Се ќе оди едноставно и како  подмачкано. Малку сте бавни. Држете се до своите принципи и не попуштајте. Гледајте да се растеретите од многу работа. Повеќе време поминете со пријателите, не мора само работата да биде на прво место. Од втората поливина на оваа недела настапува период на смирување и ќе се посветите на својот партнер. Слободните Бикови, можеби преку пријатели или на работа да запознаат нова личност.

БЛИЗНАЦИ

Се чувствувате добро. Можеби некој ќе рече дека сте бавни или тврдоглави, но не обраќајте внимание на тие коментари. Вие треба постојано да се држите до вашиот работен план. Имате доста енергија, само е важно паметно да го испланирате своето време. Флертот ви е слаба страна, посебно со личностите кои не се од вашето место.

РАК

Барајте подршка од партнерот и од други луѓе. Не морате се сами да работите. Оваа недела е одличен период за тимска работа и нови планови. Ќе завршите со деловната соработка која не е доволно добра за вас и ќе започнете со нови проекти. Не го запоставувајте партнерот, посветете му поголемо внимание и покрај тоа што сте склони кон авантури.

ЛАВ

Не претерувајте со своите барања од домашните. Потрудете се да се средоточите на средување на вашиот дом. Некои деловни работи на кои долго време работите, конечно ќе бидат завршени.  Оваа недела е мошне добра за соработка со колегите. Грижете се повеќе за вашето здравје. Имате проблем со хормоните и болки во грбот во овој период. Посетете доктор, превентивно.

ДЕВИЦА

Оваа недела можни се расправии со блиски луѓе. Не дозволувајте на било кој да ве испровоцира. Можна е караница со партнерот доколку сте во врска и внимавајте што кажувате. Слободните, можеби ќе стапите во контакт со личност која од порано ви се допаѓа. Во втората половина од неделата, посветете се на работа. Можен напредок, преку пријатели.
ВАГА

Пополека, состојбата кај вас се подобрува. Се чувствувате подобро отколку порано. Во првата половина на неделава, потрудете се поголемо внимание да му посветите на семејството. Купете некоја ситница за дома. Излезете во пресрет доколку некој побара услуга од вас. Од втората половина на неделата се очекува подобрување на емотивен план, можеби ќе се заљубите а веќе заљубените ќе уживаат во својата врска.

ШКОРПИЈА

Дајте се од себе за повеќе време да бидете со семејството. Не зборувајте премногу, туку работете. Од нереализираните планови немате никаква корист. Не ги одлагајте обврските кои ги имате, затоа што порано или подоцна, ќе се соочите со финасиски минус. Можен е премор. Подобро соработувате со колешките отколку со личностите од машки пол.

СТРЕЛЕЦ

Комуникативни сте. Оваа недела ќе се појават некои поранешни соработници со кои можете повторно да соработувате. Презадоволни сте со деловната ситуација и немате време за одмор. Доколку сте во емотивна врска, на партнерот приредете му некое изненадување, а доколку сте слободни, преку интернет или пријатели, можеби ќе запознаете некоја интересна личност.

ЈАРЕЦ

Задоволни сте со финансиската состојба. Се оди како што треба. Посветете се на работата и обврските. Не обрнувајте внимание на луѓето кои ви велат дека некои работи не можат да се реализирааат. Внимавајте повеќе на себе и се ќе биде во ред. Повеќе внимание на начинот на кој се храните.

ВОДОЛИЈА

Имате проблеми со некои обврски кои не сте ги завршиле. Организирајте го подобро своето време. Размислувате дали е добро што некоја личност од вашето минато, повторно се враќа во вашиот живот, а можна е авантура. Зафатените, зборувајте со вашиот партнер за проблемите во врската. Не премолчувајте ништо. Во втората половина на неделата ќе се чувствувате многу подобро и нема да чувствувате притисок.

РИБИ

Дружете се повеќе, но не морате на сите се да им кажувате. Сочувајте нешто и за себе. Постојано се трудите на другите да им угодите, но понекогаш тоа е губење време. Не трошете многу пари на забави или на некои работи кои не ви се потребни. Можни се патувања, но пред тоа проверете ги документите, бидејќи се можни некои проблеми со нив (губење или кражба).

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправете сами модерна саксија за цвеќе!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (08.02 – 14.02)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ