Доколку сте се вериле за Божиќните празници, ви честитаме! Сигурно сте многу возбудени и по малку нервозни, но не грижете се, длабоко земете воздух и почнете го процесот на планирање на свадбата, чекор по чекор. Првата голема одлука која морате да ја направите е да одберете датум на венчавката. Бидејќи организаторите на свадби, наплатуваат поскапо за време кога е сезоната на свадби (а и самиот простор тогаш е поскап), вашиот избран датум, ќе ги одреди трошоците на целото славење. Секако дека некои датуми ќе бидат попопуларни за свадба од други, во 2016 година. Денес, ви предлагаме кои датуми да ги погледнете – или кои други датуми,  да ги избегнете.

WeddingPlanning

Понеделник, 29 фебруари, 2016

Во престапна сме година, а тоа значи дека имаме датум и ден 29 фебруари, секоја четврта година. Многу млади луѓе ќе сакаат нивната оригинална свадба да биде во понеделник на престпниот ден. Празноверје или заштеда за годишнините? Било како, интересен датум.

Сабота, 9 април, 2016 

За математичарите, нумеролозите и едноставните луѓе кои ги сакаат броевите –  4, 9 и 16 се квадратни броеви и за некои овој датум претставува голем ден за – врзување во чвор!

o-AARON-PAUL-WEDDING-facebook

Петок, 13 мај, 2016

Петок 13, ќе се случи само еднаш во оваа година – во мај. Некои луѓе нема да го изберат овој датум заради верување дека носи несреќа, а другите пак ќе го изберат заради уникатниот датум и празноверје на споменатиот. 

Сабота, 28 мај, 2016

Совршен пролетно/летен датум, пред големите жештини.

20140422_weddingbands_landing

Сабота, 3 септември, 2016

Првиот викенд во месец септември, секогаш е добар датум за венчавки. Летото е се уште во воздухот, но жештините зад нас!

wedding1

6. октомври или 6. ноември, 2016

Палиндром е збор, израз или број, кој исто звучи прочитан од лево на десно или обратно.  6/10/16 и 6/11/16 се двата полиндромски датуми кои би ги одушевиле некои парови!

Сабота,31декември, 2016

Новогодишната вечер оваа година паѓа во сабота, а тоа знаши дека е идеално време за венчавки и влегување во 2017 година!

marriage-918864-1280

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВи предлагаме неколку идеи за уредување на претсобјето!
Следна објаваПрекрасно уредени домови со универзален дух!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ