001

Скандинавски животен амбиент во Москва, Русија, создаден и уреден со многу љубов. Вака звучи описот во портфолиото на домот кој ви го претставуваме во продолжение. Станот е со површина од 41 метри квадратни, а осмислен е од рускиот дизајнер Денис Красиков. Разигран и инспириран од скандинавскиот стил на уредување, а сепак многу елегантен, ентериерот умешно спојува неколку различни елементи. Од геометриските дезени кои на просторот му даваат динамика, чистите линии, па се’ до убавите комбинации на бои, поради кои целиот ентериер зрачи со младешка атмосфера. Белите парчиња мебел во дневниот престој се вешто искомбинирани со тиркизните детали. Во кујната исто така доминираат геометриските шари на темниот ѕиден тапет, а во совршен контраст е со белите кујнски елементи. Погледнете ја галеријата и инспирирајте се од креативниот дизајн на овој преубаво стилизиран дом.

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТекстил за есен
Следна објава”Јавна соба” – центар за дизајн и иновации во Скопје
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ