horoskop-mart-631x3301
ОВЕН

Работа – Овие денови очекувајте битни преместувања на работното место. Иако имате големи трошоци, заради кои многу се нервирате, бидете уште малку трпеливи, бидејќи ве очекува подобрување на финансиската ситуација, но,  да ви напоменеме дека ве очекуваат и некои парични казни. Ако имате приватна фирма, ќе имате проблем околку наплатата за работа која веќе ја имате сработено.

Љубов – Емотивните односи се во мирување или пак постои причина заради некое заладување. Но, секогаш имајте на ум,  дека партнерот ве сака. Доколку саканата личност е од друго место на живеење, во следниов период нема да се видите бидејќи партнерот има премногу обврски.

Здраве – Нервоза, проблеми со стомакот и спиењето.

БИК

Работа – До крајот на оваа недела нема да бидете задоволни со работата како и со финансиите. Никако да се извлечете од тешкотиите и да дојдете на позитивна нула. Овие денови ве очекуваат несогласувања со деловните партнери и колегите. Релациите со претпоставените не се баш најдобри, затоа избегнувајте било каков разговор. Сепак, ќе успеете да заработите додатни финансии и така ќе решите барем дел од натрупаните долгови.

Љубов – Внимавајте да не се скарате со партнерот заради некоја ситница или докажување кој е во право. Некои работи во домот долго време ве оптеретуваат, така да можете да кажете и тоа што всушност и не го мислите.

Здравде – Нервоза, променливо расположение и пробелми со настинка.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Не сте расположени за поголемо работно ангажирање, но заради некои неочекувани ситуации и околности, сепак ќе бидете приморани на такво однесување. Парите кои подолго време ги очекувате ќе стигнат до крајот на оваа недела. Внимавајте на било какви законски обврски и подмирете ги на време.

Здравје – Зголемена нервоза заради зголемени деловни обврски.

РАК

Работа – За да ги завршите зголемените деловни обврски, еинствен начин е добро да се организирате. Во овој период ќе се обидете да ја подобрите репутацијата на работа и да ја вратите позицијата која ја имавте порано. Комуникацијата со колегите е непостојана и нема да се согласите околу некои деловни потези. Иако сте во право, сепак бидете малку посталожени.

Љубов – Со парнерот ќе бидете разделени заради неговите деловни активности. Нема да бидете расположени да го  слушате нерасположението на партнерот заради тоа. Младите претставници на овој знак, треба да имаат поеќе трпение кон саканата личност.

Здравје – Исцрпени сте и проблеми со несоница.

ЛАВ

Работа – Горите од желба за било какви измени во работата, но сакате и да го смените местото на живеење. Лавовите кои се вработени, ги очекуваат финансиски проблеми и не би требало да позајмуваат пари на пријателите. Успехот во работата најмногу ви зависи од  личности кои живеат подалеку, затоа што само тие можат да ви ја дадат неопходната финансиска помош.

Љубов – Не сте задоволни во односот со саканиот партнер, дури повремено сте емотивно навредени, помалку осамени и изолирани. Можноста партнерот да отсаствува заради работа и одење во странство, може битно да влијае на вашата врска.

Здравје – Конфликтите во фамилијата толку многу ќе ве нервираат. така да можни се проблеми со притисокот.

ДЕВИЦА

Работа – Исклучително перспективен деловен период и ви претстојат успешни договори врзани со странство. Иако постојат ограничувања заради семејните обврски, ќе се обидете подобро да се организирате и ангажирате. Контакти со колегите со кои некогаш сте работеле можат да ви помогнат доколку сте без работа .

Љубов – Веќе подолго време ви се допаѓа личност со која никако не можете да се сретнете, затоа што имате премногу работа. Доколку се двоумите помеѓу двајца партнери, повеќе ви одговара старото отколку новото познанство. Тие кои се во брак, повремено ќе бидат во конфликт со партнерот.

Здравје – Пад на  имунитетот, проблеми со настинка и вирусни инфекции.

ВАГА

Работа – И понатаму не сте задоволни со работата бидејќи не ги заработувате приходите какви што ги очекувате. Сакате нешто да измените но тоа што моментално е на располагање не е многу ветувачко.

Љубов – Не сте задоволни со љубовниот живот, заради тоа што не го добивате од партнерот очекуваното внимание. Но, ново познанство со личност од странство, би можело додатно да ве инспирира. Вагите кои се во врска или во брак, заради големото незадоволство ќе бидат често отстани од домот или во кавга со партнерот.

Здравје – Нервозата во домот лошо влијае на вашето здравје. Заради зголемениот стрес возможни се проблеми со хормоните.

ШКОРПИЈА

Работа – На работа ве очекуваат некои проблеми од правна природа, односно, големо ангажирање околу некоја документација. Исто така, ве очекуваат некои непланирани трошоци, па бидете внимателни со парите. Целиот период вие поволен за хонорарна работа.

Љубов – Во овој период ќе се сретнете со стариот партнер но нема да бидете расположени за нешто повеќе од пријателство. Ќе запознаете интересна личност која не живее во вашиот град, многу ќе ви се допадне  и затоа што во многу работи ви одговара.

Здраве – Нервозата лошо влијае на вашиот метаболизам.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Трудете се да бидете концентрирани на работата, но мислите ви се постојано на друго место. Моменталната работа не ве мотивира ниту пак ве задоволува. Заради тоа концентрацијата ви е намалена. Внимавајте да не направите голема грешка. Исто така, премногу сте нервозни и инпулсивни во комуникацијата со колегите. И понатаму ќе ве мачи финансиската стабилност, но во овој период не очекувајте некое подобрување.

Љубов – До неодамна се двоумевте, дали да ја прекинете врската или не, но со партнерот не сте во толку лоши односи, а кон крајот на неделата ќе бидат уште подобри.

Здравје – Проблеми со настинка, инфекции и зголемена температура.

ЈАРЕЦ
Работа – Најмногу ве мачат парите, заради кои сте незадоволни и не гледате начин како да се извлечете од финанските тешкотии. Но во овој период, ќе успеете да договорите неколку деловни зделки кои битно ќе ги зголемат приходите. Внимајте на комуникацијата со колегите, возможна е кавга. Потрудете се да не реагирате инпулсивно, а подобро ќе биде и ако премолчите некои работи.

Љубов – Располежени сте да расчистете некои недоразбирања со партнерот, бидејќи ве прават напнати и конфликтни. Преку пријателите ќе запознаете нова и многу интересна личност. Но внимавајте за искреноста и тајновитоста на ваквиот однос.

Здравје – Проблеми со притисокот, бубрезите и левото око.

ВОДОЛИЈА

Работа – Во овој период ќе морате да се согласувате со колегите, иако немате исто мислење околу работата. Некоја додатна работа ќе ве инспирира и заинтересира. Внимавајте на трошоците, а возможна е и кавга со личност кој ви должи пари, а можеби тоа е и вашиот партнер. Доколку барате позајмица за покривање на минусот, лесно можете да бидете изманипулирани.

Љубов – На слободните водолии ќе им се удвараат две личности. Едната е постара, помалку недостапна, но исклучително љубезна. А додека другата, не ви е јасно што сака од вас, затоа што често го менува мислењето.

Здравје – Можни се пробелеми со стомакот.

РИБИ 

Работа – Поголемиот дел од деловните договори ви се врзани со странство. Некои претставници на знаков, ќе посакаат да го сменат местото на живеење заради подобра заработувачка и работа. Во текот на оваа недела, почесто ќе бидете на службен пат. Доколку имате некои работи од правен карактер да ги завршите, сега е вистинскиот момент.

Љубов – Односите со партнерот ви се пореметени, но не толку за да бидете незадоволни. Моменталната финансиска ситуација влијае на односот со саканата личност.

Здравје – Проблеми со циркулацијата и крвниот притисок. Зголемете го имунитетот и пешачете.

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Burnt
Следна објаваДесетте најубави модели на Ламборџини
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР