DSC_0182На 28-ми октомври започнува со работа центарот за дизајн и иновации – Јавна соба. Мошне урбан и иновативен простор кој бара и нуди слобода и ум, креативност и оргиналнoст, метафорички го нарекоа: “Берлин во Скопје”. Токму овој нов и современ простор се очекува да биде лулка на креативните индустрии во земјата и регионот.

Јавна соба се наоѓа во централното градско подрачје, на 50. Дивизија 22 во Скопје, и несомнемо ќе биде дом на сите креативци и претставници на деловната заедница во Македонија. Бидејќи токму дизајн е главниот мотор на овој центар, тој има за цел перманентно да ја унапредува продуктивноста кај младите креативни умови, да ги насочува кон пазарни цели и да ги поврзува со производните компании од земјата и светот.DSC_0621

“Креативниот потенцијал во Македонија е недоволно искористен, а уште помалку е артикулиран, тоа го покажуваат многу досега спроведени пазарни анализи и истражувања. Она што им е потребно на младите креативци е да имаат еден отворен простор во кое ќе добијат стручна и техничка поддршка во развој и пласман на нивната идеја” а во исто време нивните прототипи да бидат презентирани во деловните кругови– истакна Александар Велиновски, директор на Јавна Соба.

Дизајнерите од секој ранг и профил: графички, продукт, модни, накит и сл. ќе можат да ги ползуваат можностите за развој на прототи и продажба на истите. Во рамки на центарот функционира мајсторска работилница, концептуална продавница за млади и дизајнерски брендови, детска работилница, сала за состаноци со бизнис заедницата, библиотека, галерија, како и барско ресторански дел. Покрај овие простори,Јавна соба ќе го организира Skopje Design Week 2015 токму на оваа локација, најавува и формирање на дизајн инкубатор во 2016 година.DSC_0624

Многумина се прашуваат дали во Македонија има потреба од еден ваков центар од светски ранг? Тоа е исто како да се прашаме дали сме ние ајвар нација или имаме потенцијал за многу повеќе? Луѓе кои сеуште веруваат во ова мало парче земја дека може да направи исчекор и дека ќе створи нешто со што сите ние ќе бидеме еден ден горди,  стојат позади овој проект.

Ентериерот во Јавна соба е мајсторско дело на македоснката дизајн компанија We and Nature од Скопје. Иниицијативата е поддржана од амбасадата на кралство Холандија и Министерството за култура на РМ
DSC_0630 CSC_0174 DSC_0642

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан со отворен план [46 м2]
Следна објаваСакате да живеете во Хогвортс?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР