Како да уредите трособен стан во поткровјето? Ако сте љубител на модерниот скандинавски стил, инспирација може да ви биде токму овој ентериер. Светлата дневна соба и трпезарија се одделени со прекрасен модерен камин, а кујната се наоѓа под косиот покрив во продолжение на трпезаријата. Во дневната соба се наоѓа удобен тросед идеален за одмор и читање. Мебелот и декоративните елементи, играат важна улога во создавањето позитивна енергија во секој ентериер, и така во овој. Топлиот дрвен под и Фриц Хансен столици околу масата, како и бели полици на ѕидот се дел од функционалниот нордиски стил на дизајнирање, кој секогаш изгледа ведар, едноставен и ненаметлив.




















![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)









