DSC_0616На Амбасадата на Сојузна Република Германија и ПроКредит Банка им причинува големо задоволство да го претстават 11. издание на Фестивалот на новиот германски филм.
Под мотото „Сакам филм (Ich liebe Film)“ ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции,  од минатата и од оваа година, во десет македонски града.

Отворање на Фестивалот:
На 14.10.2015 г. во 19:00 часот во кино „Милениум“ од страна на амбасадорката на Сојузна Република Германија, госпоѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер и претставници од ПроКредит Банка ќе биде одржан прием со коктел.

Почеток на филмот во 20:00 часот:

Ќе биде прикажан филмот „Роден во болка“, невообичаен трилер од исклучително популарната тв-серија во Германија „Место на настанот“, која се снима уште од 1970 година.  Со речиси 1000 епизоди и 9 до 10 милиони гледачи по продолжение, серијата во меѓувреме достигна култен статус.  Поентата е дека речиси секој голем германски град си има своја екипа за крим техника. „Роден во болка“ е снимен во Хесен и има добиено повеќе филмски награди.

Во рамки на филмскиот фестивал од 15. до 18.10.2015 г., во киното „Фросина“ во  МКЦ ќе бидат прикажани уште девет други филма: комедии, драми, еден историски филм и два детски филма.

Како и претходните години, некои од филмовите ќе одат на турнеја уште во девет други града низ Македонија.

Почеток на турнејата: на 8.10.2015 г. во Прилеп
Следат Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Штип и Струмица.

Сите филмови може да се видат во оригинал на германски јазик, со македонски поднаслови (во Тетово албански).

Изборот прикажува пресек на широката палета на германската кинематографија, поддржана со јавни средства. Сите филмови имаат добиено награди.
Историскиот филм „Љубените сестри“ (станува збор за Фридрих Шилер) е номиниран за Оскар во категоријата „најдобар странски филм“

Преку филмовите на 11. издание публиката ќе може да ја доживее Германија, нејзините култура, историја и општество. Љубов и пасија, болест, старост и смрт, страв и љубомора, оптоварувачко минато и надеж за иднината, доселеници и компјутерски хакери – филмовите се разнолики исто како и самиот живот.
Дејствијата се одвиваат во Германија – но пораките се универзални и разбирливи за сите гледачи.

„И годинава нѝ успеа да ја прикажеме разноликоста на германската кинематографија на македонските киноекрани – со теми кои се важни за секого. Повторно се радуваме на големиот број гледачи!“, изјави германската амбасадорка д-р Кристине Д. Алтхаузер.

„Македонската публика од година во година сè повеќе покажува интерес за  филмско доживување од германската кинематографија. Затоа како германска банка веќе втора декада со големо задоволство се вклучуваме во овој проект,’’ изјави Билјана Северинова од ПроКредит Банка.

Фестивалот на новиот германски филм е најголемото достигнување во годината на културната програма на Германската амбасада.

Повеќе на: www.fngf.mk

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПаднатите лисја како уметнички платна
Следна објава[Филм] Марсовец: Спасувачка мисија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ