1

Проектирањето на соодветен простор за едно или повеќе деца не е нималку лесна задача, па затоа ви претставуваме неколку одлични примери кои нудат позитивни идеи во таа насока. Дело се на дизајнерите на францускиот бренд Maisons du Monde, кои не престануваат да воодушевуваат со убавите парчиња мебел и инспиративните идеи за уредување на ентериерот. Само погледнете ја нивната најнова колекција на детски мебел за 2015 година – море од бои и идеи за игри, доближувајќи ги желбите и вкусот на родителите, со она што навистина е неопходно и соодветно за возраста на детето. Комбинирајќи повеќе стилови и детали, дошле до интересни решенија кои сигурно ќе ви се допаднат и инспирираат како да ја уредите детската соба. Овие соби се ведри и шарени, оживувајќи ја детската мечта на духовит и оригинален начин. Каталогот претставува различни теми за уредување на детското катче во домот, со креативен дизајн кој не само што гарантира среќно детство и возбудлив престој на најмалите, туку и воодушевува со добриот вкус и извонредната стилизираност. Од деликатни нежно уредени соби за малите принцези, до морнарски ентериери за сите палавковци, во детската колекција може да се сретнат уникатни теми кои ги оживуваат фантазиите на секое дете. Безброј креативни идеи со забавни мотиви и палета од бои, дезени и форми – за разиграни и весели детски соби, каков што е и самиот свет на оние на кои им се наменети. Уживајте и инспирирајте се од амбиентите кои едноставно изнудуваат насмевка.

+ Погледнете и: Креативна постелнина за деца.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

НЕМА КОМЕНТАРИ