Ова лето по осми пат во Скопје ќе се одржи Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд. Од втори до шести септември посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 30 пивски брендови, како и деликатесни гурмански специјалитети кои одлично одат со пиво. 5 дена забава, дегустација на пиво и музика која ќе ги задоволи сите вкусови.Како и претходните години фестивалот ќе се одржи на Скопското Кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера.
Фестивалот е во организација на „Темов” и град Скопје.
Традицијата продолжува, Скопје уште еднаш ќе има можност пет дена да го живее духот на Пиволенд.
Дојди, види, испиј! Гурмански викенд со пиво – Пиволенд 2015

![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)












