Љубители сте на плажа, сонце и море? Погледнете како изгледа ентериерот каде магијата на летото e присутна 365 дена во годината. Ви претставуваме несекојдневно убав и пријатен дом во кој насекаде се чувствуваат светлината, смиреноста и сензуалноста на морската атмосфера. Станува збор креативно уреден и интересно стилизиран стан, дело на архитектата Марина Кутузова од дизајнерското студио ДЕТАЛИ. Станбениот простор е максимално удобен и функционален, а притоа изгледа неодоливо привлечно и опуштено, со амбиент кој умешно ги пресликува тоновите на морето и плажата. Изборот на бои се сведува на комбинација на белата, сивата, кафената и различните нијанси на сина боја, а надополнети се од сончевите жолти акценти. Креираат смирен и релаксирачки амбиент и се вистински празник за сетилата. Деликатната комбинација на летни тонови, во тандем со внимателниот избор на детали со морски мотиви се покажува како добитната формула во дизајнот на овој компактно уреден простор. Погледнете и прoсудете сами.