Сите сме биле во ситуација да се дотераме преубаво, испеглани и дотерани, а за неколку минути на температура на +30 степени, поради висока топлина да се препотиме и сето дотерување се уништува за час. Се чини скоро невозможно, да изгледате совршено во жешките летни месеци, доколку се однесува за градските метрополи. Но и за овие топли денови и неподносливи жештини, постои начин како умно да се облечеме.
1. Облечете модели кои паѓаат лесно околу телото, колку помалку ткаенината го допира вашето тело, толку покомотно ќе се чувствувате.
2. Одберете памук, избегнувајте ги синтетичките материјали
3. Одберете посветли бои, доколку не можете без црната, одберете ја темно сината, белата боја и различните принтови, успешно ги прикриваат потенцијалните флеки од пот.
4. Размислете за сандали, одберете отворени сандали по секоја цена