Во мултимедијалниот културен центар Матица екслузив во Скопје, на 26 мај (вторник) 2015 година во 12 часот ќе биде отворена изложба на познатиот македонски сликар, академик Васко Ташковски. За првпат авторот пред љубителите на уметноста ќе презентира дваесет и шест графики. Во оваа пригода ќе биде промовирана  и Монографијата на цртежи од авторот, во издание на Матица македонска и Македонската академија на науките и уметностите. За делото на Ташковски ќе говорат писателот Раде Силјан и академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите.

Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Стефан Хаџи Николов, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, Владимир Темков, Решат Амети, Константин Качев и скулпторите акад. Боро Митриќески и Илија Аџиевски.

Матица ексклузив, вторник, 26.05.2015, 12:00 часот

Vasko Taskovski

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKako да се облечете и изгледате со стил за помaлку од 30 секунди
Следна објаваТочка на измама – Ден Браун
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ