Во петок во 20.00 часот во Домот на хуманитарните  организации ,,Даре Џамбаз” во Скопје ќе се одржи промоција на стихозбирката  ,,Божилак на исконот” од поетот Филип Димкоски.

Промоцијата ја организира Словенечкиот центар од Скопје по повод  деветти мај-Денот на Европа, притоа како и секогаш настојувајќи на соработка и поддршка меѓу   Словенија и Македонија како две историски и културолошки поврзани држави.

,,Божилак на исконот” e втора стихозбирка на Димкоски, во која се поместени дваесет  римувани песни.

,bozilak na iskonot,Искрените, контемплативни стихови на Филип кои на читателите делуваат зрело и доживеано, се навидум мирни, а всушност полни со огромна креативна моќ”-пишува новинарката Марија Таушанска -Анастасовска, во рецензијата кон оваа стихозбирка.

Втората рецензентка пак, професорката  Ленка Јованоска, пишува:

,,Поезијата на Димкоски во себе носи топлина, животна вистина и мудрост, а едноставноста на стихот ја прави достапна за секој човек и севременска”.
Kорицата е слика на студентот по ликовна уметност  Кристијан Јованоски-Кетерник, а техничкото уредување и графичкото обликување го направи графичкиот дизајнер Илија Димкоски.

Поезијата на Филип Димкоски е преведувана на англиски, грчки, бугарски, хрватски, српски и словенечки јазик, објавена е во повеќе домашни и  меѓународни зборници и списанија. Авторот е добитник на повеќе домашни и меѓународни признанија меѓу кои ,,Млада Струга” на Струшките вечери на поезијата, ,,Најталентиран млад учесник” на Мелничките вечери на поезијата во Бугарија и наградите ,,Јанош Сивери” и  ,,Станислав Препрек” во Србија. Член е на групата ,,Поети од светот” во Чиле.

За промоцијата на ,,Божилак на исконот” во Скопје, најавени се интересни гости што ќе придонесат за еден поинаков  настан со богата уметничка програма.  Поканети се сите кои ја љубат поезијата и уметноста воопшто.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен и комфорен стан
Следна објаваКражба – Питер Кери
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ