Убавото пролетно време и сончевите денови се совршени за излети, а од Zara Home подготвија грст неодоливи детали инспирирани од најживописните сцени на нашата омилена сезона. Розовите, светло жолтите и сините нијанси, како и шарените цветни мотиви и апстрактни дезени ја красат новата колекција за пикник, која со својот неодолив изглед и практична намена ќе ги развесели сите љубители на престојот во природа и уживање под ведро небо. Во линијата може да се пронајдат разиграни чаршафи и прекривки, комплетни сетови за јадење опсипани со колоритни принтови, како и кошници за понесување на целиот прибор, се разбира во пакет со фини деликатеси. Целиот каталог од кампањата ви го претставуваме во продолжение. Прекрасна викенд инспирација!

+ Погледнете и: Zara Home: Нова сезона во домот.

01

02

03

04

05

06

07

08

09

СПОДЕЛИ
Претходна објава15 годишнината од издавањето на албумот Сафизам
Следна објаваИнспиративни фотографии на дете со Даунов синдром
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ