Во пресрет на уште една нова сезона во домот, Zara Home ја претстави неодоливата колекција за пролет/лето ‘15 , полна со убави идеи и инспиративни предлози за будење на сончевото расположение во животниот простор. За таа намена, популарниот шпански бренд понуди повеќе тематски линии на производи и аксесоари за сечиј вкус, исполнувајќи ги сите очекувања на верните купувачи. Новата колекција е шарена и весела, инспирирана од тоновите на природата и синото море, во комбинација со дезени со живописни мотиви, евоцирајќи на раскошот на пролетта и летото како годишни времиња. Трпезата и масите за градината пристигнуваат во живите бои на виталната природа: интензивно зелената и жолтата, топлите земјени тонови и нијансите на деликатните цветови, а во тандем со длабоките тонови на синото море. Богатата понуда вклучува и мини колекција за најмалите членови на семејството, која во целост е посветена на подводниот свет. Инспираjте се од промотивното видео и идиличните фотографии во каталогот на Zara Home, одбирајќи ја омилената тема за внесување на пролетната магија и во вашиот дом.